Mk:WikiProject Macedonia/Macedonian roads tagging

From OpenStreetMap Wiki
Jump to navigation Jump to search

Категоризацијата на патиштата во Република Македонија е регулирана со Законот за Јавни Патишта [1] во кој е направена класификација на патиштата во однос на нивната важност, а за автопатите и експресните патишта се предвидени критериуми кои патиштата треба да ги задоволат за да бидат категоризирани како такви.

Според препораките за означување на highway=* само при означување на highway=motorway би требало да се води сметка патот да задоволува некој физики критериуми, додека за сите други патишта побитна е важност на патот отколку неговите физички карактеристики. Бидејќи ние освен за автопатиштата имаме законска рамка и за експресен патишта, кој обично се мапира како highway=trunk, при мапирањето на експресните патишта и тие ќе мора да задоволуваат одредени физички карактеристики предвидени со закон. Сите други патишта без разлика дали се асфалтирани, земјени, широки или тесни, дали поврзуваат градови или пак само села ќе бидат мапирани спрема нивната важност. Физичките карактеристики на овие патишта ќе бидат дефинирани со дополнителни параметри како surface=*, width=* или сл.

Во груби црти предложеното решение за мапирање на патиштата во Македонија, надвор од населени места водејќи сметка за нивната важност би бил следниот:

highway=motorway - Автопати кои имаат физички разделени патишта во двата правци и најмалку по две ленти за возење и плус една лента за застанување или пак со закон и соодветен сообраќаен знак се дефинирани како автопат.
highway=trunk - Експресни патишта кои имаат најмалку една лента за возење и една за застанување во еден правец или пак со закон и соодветен сообраќаен знак се дефинирани како експресен пат. Патиштата во различни правци не мора физички да бидат раздвоени.
highway=primary - Магистрални државни патишта од од А категорија кои не се ниту автопaт ниту експресен пат

highway=secondary - Регионални патишта од прва категорија со ознака R1*** и R2***
highway=tertiary - Регионални патишта од втора и трета категорија со ознака R29***
highway=unclassified - Локални патишта под надлежност на општините

Надвор од населени места

Type
(Macedonian Name)
Keys Description Links Map view
Автопат
highway=motorway
lanes=x
oneway=yes
ref=Ax
int_ref=Exx
Автопат е пат специјално проектиран и изграден само за сообраќај на моторни возила, означен со пропишан сообраќаен знак, со физички раздвоени коловози по насоки, кој има по најмалку две ленти за сообраќај и по една лента за принудно застанување во двете насоки. Не треба да се вкрстува со други патишта или железнички пруги а пристапот до него од јавните патишта е преку посебно изградени приклучоци. Автопатот треба да биде заштитен за пристап од надвор.
Приклучок кон автопат highway=motorway_link
lanes=x
oneway=yes
ref=Ax
int_ref=Exx
Експресен пат highway=trunk
lanes=x
oneway=yes/no
ref=Ax
int_ref=Exx
Експресен пат е пат специјално проектиран и изграден само за сообраќај на моторни возила, означен со пропишан сообраќаен знак, кој има по најмалку една ленти за сообраќај и по една лента за принудно застанување во двете насоки. Не треба да се вкрстува со други патишта или железнички пруги а пристапот до него од јавните патишта е преку посебно изградени приклучоци. Експресниот пат треба да биде заштитен за пристап од надвор.
Приклучок кон експресен пат highway=trunk_link
lanes=x
oneway=yes
ref=Ax
int_ref=Exx
Магистрален пат highway=primary
lanes=x
ref=Ax
int_ref=Еxx
Магистрален пат е државен пат кој поврзува поважни региони во државата и со кој преку меѓународните гранични премини се обезбедува поврзување со патната мрежа на соседните држави
Регионален пат од прва категорија highway=secondary
lanes=x
ref=R1xxx
int_ref=Еxx
Регионален пат од прва категорија е државен пат од посебно значење за државата кој води кон граничен премин на соседна држава, поврзува најмалку два града во државата или е врска кон патиштата од А категорија. За да биде патот категоризиран во Регионален пат од прва категорија потребно е да исполнува параметри пропишани со Законот за категоризација на патиштата.
Регионален пат од втора категорија highway=secondary
lanes=x
ref=R2xxx
int_ref=Еxx
Регионален пат од втора категорија е државен пат од посебно значење за државата кој води кон граничен премин на соседна држава, поврзува најмалку две населени места во различни општини или пак е врска кон патиштата од А категорија. За да биде патот категоризиран во Регионален пат од втора категорија потребно е да исполнува параметри пропишани со Законот за категоризација на патиштата.
Регионален пат од посебни значење highway=tertiary
lanes=x
ref=R29xxx
int_ref=Еxx
Регионален пат од посебно значење се државни патишта кој само делумно ги задоволуваат критериумите за државен пат. Ова се општински патишта кои поради значењето за државата се категоризирани како државни патишта.
Општински пат highway=unclassified
lanes=x
ref=Lxxxx
Општински пат е пат кој го побрзува седиштето на општината со населените места, државните патишта или пак туристичките, спортско-рекреативните или културно-историски локалитети од локално значење за општината.
Некатегоризирани патишта highway=unclassified
lanes=x
Сите останати патишта за моторен сообраќај кои поврзуваат населени места или се врска кон државните или општинските патишта, а не ги задоволуваат критериумите за државни и општински патишта.
Сервисни патишта highway=service
lanes=x
Пристапни патишта, патишта во индустриски објекти, паркинг коридори, патеки, алеи , премини низ кои може да се одвива сообраќај со моторни возила
Земјоделски патишта highway=track Патишта за пристап до земјоделски површини или шумски патишта за превоз на дрва
Патеки highway=path Патека која нема некој посебни карактеристика и која ја користат и делат различни категории.
Патишта во изградба highway=construction Патот е е во изградба/реконструкција и движењето по него не е Дозволено.
  1. | , Службен Весник 84/2008, страна 61